Braster Pro е медицински апарат кој кориси контктна термографија за детектирање на температурни промени на површината на градите. Тие промени се поврзуваат со неоангиогенезата, која пак е поврзана со формирањето нови крвоносни садови, кои го хранат туморот.

Методот, технологијата и опремата “Braster Pro” се производ на најновите ИТ, телекомуникациони и други технологии – моќни, самоподобрувачки синтетички нервни мрежи (самостојно учење на вештачката интелигенција), ултрапрецизни сензори на неполаризирани течни нанокристали, ултрасофистициран и брз пренос на податоци, итн. Веќе неколку години, методот Braster Pro се користи во голем број водечки земји на ЕУ, Кина, Русија итн.,  а во моментов е во тек постапка за издавање на FDA – потврда за употреба на овој медицински уред во Соединети Американски Држави.

Технологијата и опремата „Braster Pro“ се развиени и имплементирани во медицинската пракса од истоимената полска компанија – „Braster Pro“,  со финансиски средства од ЕУ. Тие имаат СЕ сертификат за медицинско помагало што овозможува нивно користење во земјите-членки на ЕУ, а исто така се уредно регистрирани пред надлежните државни институции.

Методот Braster Pro се заснова на принципот на контактна термографија и користи ултра-прецизни сензори изработени од специјални течни кристали, овозможувајќи генерирање на топлински слики во длабочината на ткивата, кои имаат исклучително висока резолуција.

Ова овозможува откривање и локализација во ткивото на испитаната млечна жлезда на екстремно мали формации, потенцијално малигни и со големина помала од 3 милиметри, што практично не може да се открие со другите медицински помагала, како на пр. мамограми, рендгени и скенери. 3Д и 5Д магнетна резонанца се некои исклучоци, но тие исто така даваат несигурност на компетентноста и субјективното мислење на медицинскиот специјалист што ги чита нивните слики.

Braster Pro, сликите од скрининг прегледот се испраќаат преку интернет до моќен сервер (лоциран во Варшава, Полска), каде што вештачката интелигенција која постојано учи самостојно, ги споредува со сите познати патологии на млечните жлезди во светот.

Во случај на несигурност во резултатот (помалку од 3% од прегледите), вештачката интелигенција го проверувасвојот заклучок преку Интернет со двајца лекари – професори од областа на онкопатологијата на дојката, а потоа го испраќа, исто така, електронски, до мобилниот уред на испитувачот-специјалист.

Сето ова трае неколку минути, а резултатот од најсложените случаи се добива во рок од 24 часа по истиот пат.

Braster Pro  е неинвазивен метод за ран предскрининг и не поставува возрасни граници за преглед со апаратот Braster Pro.

Методот Braster Pro е пасивен и не предизвикува непријатност кај пациентите, како и штетни и несакани ефекти.

Не користи штетно зрачење како некои други методи, и тоа го прави погоден за чести прегледи без последици.

Цистата е бенигна формација која не пројавува повишена телесна температура. Брастер, по дефиниција не открива цисти, бидејќи тие не покажуваат отклонување од нормалната температура на градите.

Braster Pro може да биде корисен доколку се развие инфекција / тумор во цистата, т.е. самата циста се дегенерира во малигна болест.

Зависи од која операција. Биопсија со фина игла – 4 недели најмалку по постапката. Биопсија на дебела игла – најмалку 6 месеци по постапката.

Ресекција на тумор (но без отстранување на целата дојка), поставување естетски импланти – 12 месеци по операцијата.

Брастер не се користи при отстранување на цела дојка, не е применлив, тој сè уште бара асиметрија помеѓу двете гради со споредување на сликите.

Ехографијата е дијагностицирање преку правење на модел на градата т.е. гради слика на ткиво и тоа што се содржи во дојката со помош на ултразвук.

Брастер работи на принципот на термографија која прави топлински слики на дојката врз основа на температурните разлики.

Маститисот е воспаление на ткивото на дојката што понекогаш вклучува инфекција. Воспалението резултира со болка во градите, оток, топлина и црвенило. Маститисот најчесто ги погодува жените кои дојат.

Braster Pro e предназначен за преглед на гради како дополнување на  ехографскиот и мамографскиот преглед.

Овој апарат ги детектира температурните разлики во пределот на градата и потенцијално малигните формирања кои по добвањето на позитивен резултат дополнително треба да бидат потврдени преку дијагностички методи и во консултација со специјалист.

Апсолутно да. Размерот на најмалото канцерогено формирање откриено од уредот Braster Pro, e 3 милиметри.